| четврток, 6 декември 2018 |

Глоги, чекам да се чуеме… за викенд – проштално писмо на Жарко Лаушевиќ на Глоговац!

Болката по смртта на блиските луѓе на Небојша Глоговац, но и на неговите обожаватели не стивнива. Овојпат со емотивно писмо од својот пријател Глоговац се прости и актерот Жарко Лаушевиќ.

Ова е неговото писмо:

Драги Глоги!

Ја читам твојата порака од пред некој ден:

-Знам дека ќе биде добро…Ќе разговараме…Само малку да мине ова лудило…Што велат, Србите паметат до четврток, така што се слушаме за викенд, а до тогаш еве ти неколку вицови.

Есеноска чекајќи превоз на аеродром во Бостон, правевме планови нешто да работиме заедно. Ми рече:Ќе работиме сигурно или овде или таму. Тогаш ти стигна порака и скокна како мало дете:

-Добив награда во Лондон!Тоа беше награда за најдобар актер на престижен европски фестивал.

Сите ние понесени од чувството на голема гордост, ја одигравме последната изведба на „Хадерсфилд“. И таа ноќ како и на целата канадско-американска турнеја, гледав на сцената, од страна, нем од среќа што присуствувам на едно чудесно предавање и давање себе на глумата, какво што порано немав видено.

Мојата најстара ќерка со години имаше омилен и најдобар актер. Тогаш еден ден бојажливо ми рече: Тато, ти повеќе не си мојот најдобар актер!

-Ах, кој е тој што на моето чедо му го помати разумот – тивко процедив.

-Небојша Глоговац – ми рече тивко. Ја прегрнав.

-Па тој и за мене е најдобар актер – и признав јас.

Ми олесни. И поради тебе отпатува со нас од Чикаго со нас во Бостон повторно да ја одгеелда претставата.

Глоги, откакао чув за твојата болка, тргнав да пишувам за нас. Па да одиграме…Или овде или таму.

И чекам да се слушнеме…за викенд.

Твој Жарко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top