| четврток, 6 декември 2018 |

Животна драма на познатиот актер: Небојша Глоговац тешко болен!

Познатиот актер Небојша Глоговац (48) е итно примен во болница и неговата здравствена состојба е сериозна.

Како што се дознава од извор близок на Глоговац, познатиот актер од 24 јануари е на Институтот за онкологија во Белград.

Глоговац е тешко болен и неговата здравствена состојба е сериозна, а семејството и неговите најблиски се со него во најтешките моменти.

Потврдено  е дека актерот почнал да прима терапија, и сите се надеваат дека Небојша ќе успее да ја победи опаката болест.

Небојша Глоговац, кој сега ја бие најважната животна битка, роден е 1969 година во Требиње и веќе две децении е еден од најдобрите српски актери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top