Антонио Ристевски, единствениот македонски натпреварувач во аплсо скијање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг не успеа да ја заврши првата трка во слалом што утринава се возеше и остана без пласман.
Дури 54 натпреварувачи не ја завршија трката од вкупно 106, кои се појавија на стартот.
Тој имаше солидно возење, а по третата мерна единица беше на 49. место, но кратко потоа излета од патеката. Условите за скијање повторно беа доста тешки со оглед на студеното време и подмрзнатата патека.
Ристевски не ја заврши трката и во велеслалом. Ова е трет настап на Ристевски на ЗОИ, а во Сочи пред четири години во слалом имаше одличен пласман на 28-то место.
Со настапот на Ристевски заврши учеството на Македонија на овие ЗОИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.