Кинезот Ву Дацзин стана олимписки шампион во спринт на 500 метри на кратки патеки со нов светски рекорд.
Помеѓу освојувачите на медали се и двајцата претставници на Република Кореја, Хван Дехон и Лим Ен Чин.
Дацзин го собори светскиот рекорд во четвртфиналните серии со време 39,8 секунди, откако го подобри остварувањето на Американецот Џон Селски од Калгари во 2012 година.
Во финалето, Ву вторпат го подобри рекордот на денот, совладувајќи ја конкуренцијата со време 39.584 секунди и донесе прво злато на Кина од Игрите во Пјонгчанг и прво воопшто за земјата во оваа дисциплина.
Со триумфот, 23-годишниот Ву го подобри своето достигнување од Олимпијадата во Сочи пред четири години, кога беше втор на 500 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Наковска Бикова пукаше за светски рекорд, медал и параолимписка норма
-
Светски ден на Даунов синдром: 1.589 луѓе облекоа шарени чорапи во Зеница и го соборија светскиот рекорд (видео)
-
Шампионот на ЗОИ: Дојде, лизгаше и го насмеа цел свет до солзи! (видео)
-
Свечено затворени овогодинешните Зимски олимписки игри