| четврток, 6 декември 2018 |

Бучковски, Зиков и Јорданов ја промовираа „Алијансата за позитивна Македонија“

  Alijansa za pozitivna makedonija zikov bucko minco

 Алијансата за позитивна Македонија на експремиерот Владо Бучковски, новинарот Љупчо Зиков и бизнисменот Минчо Јорданов попладнето беше промовирана во скопско Визбегово. Промоцијата се одржа под мотото „Не бараме ни слава ни авторски права за нашите идеи“, а основачите на партијата најавија дека приоритет ќе им биде фокусирање на развојот на економијата како предуслов за подобар живот на граѓаните на Македонија.

Партијата ќе се насочи кон стратегии за решавање и на останатите клучни проблеми во државата. Како што најавија основачите, претседател ќе се избира на конгрес во септември. Партијата ќе делува како неополитичка движечка сила во општеството.

– Се собравме во Визбегово за да тргнеме од периферијата кон центарот. Македонското општество се држи во заложништво со големо количество негативна енергија. Транзицијата трае 23 години, никако да заврши. Сите станавме нестрпливи, Македонци со Македонци, Македонци со Албанци, Албанци со Албанци. Недостасува помирување на политичката сцена бидејќи со деструкција се блокира секоја позитивна идеја – изјави Зиков.

Во врска со спорот со името, Зиков рече дека треба да се преиспита политиката на бркање  датум за ЕУ и НАТО и да се свртиме самите кон себе.
– Наместо да чекаме странски инвестиции, домашните бизнисмени да отвараат фабрики, вели Зиков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top