| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот на Емина ја прекина тишината: Еве што порача Мустафа по разводот!

Емина Јаховиќ неодамна призна дека се разведува од сопругот, турскиот пејач Мустафа Сандал.

Пејачката на Инстаграм напиша дека љубовта се изгасила и дека таа и Мустафа спогодбено се договориле околу разделбата.

Поранешниот сопруг на Емина, молчеше, а сега и тој го искажа својот став по повод целата ситуација. Мустафа за турските медиуми изјави:

-Меѓу мене и Емина љубовта помина, исчезна. Остана почитта и тоа што сме родители на нашите синови- што се припишува на тоа дека тој се разведува заради друга жена.

 

Мустафа сега на Инстаграм објави фотографија со порака

-Доколку ја фатиш љубовта, ја имаш. Тоа е мир на вашиот ум – порача Сандал на социјалната мрежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top