Жена која работела во Клиничкиот центар во Србија, на одделот за ендокринологија, починала од мали сипаници, јавуваат медиумите во Србија.
Таа работела на Клиниката и била задолжена за разнесување на пациенти, а починала пред два дена. Според неофицијални инфорамции, таа подолго време не работела на КЦС бидејќи била на боледување, поради хронично заболување.
Вчера поради компликации предизвикани од мали сипаници во Белград пред неколку дена почина 30-годишна Белграѓанка. Таа беше официјално петтата жртва од мали сипаници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.