| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден смртен случај: Почина девојка од мали сипаници

Белграѓанката М.М. (30) почина на Инфективната клиника во Белград по компликациите предизвикани од мали сипаници. Ова е петта жртва.

Како што пишуваат српските медиуми, девојката починала пред четири дена, кога била примена во болница поради воспаление на белите дробови кое се појавило како последица на малите сипаници со кои се заразила.

Неофицијално, девојката не била вакцинирана, а пред да добие мали сипаници, била здрава.

Во Србија досега има регистрирано 2.280 случаи на мали сипанци. Најмладиот заболен е бебе старо само 15 дена, а највозрасниот 65 години. Вкупно 94 отсто од нив не се вакцинирани или нивниот статус не е познат.

Околу 33 отсто од заболените се хоспитализирани, а компликации од малите сипаници се регистрирани кај 267 лица.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top