Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал минатата недела потврдија дека се разделуваат после десет години брак, а сега се откри и вистинската причина за тоа. Тие објавија и отворено писмо на социјалните мрежи, но деталите не ги прецизираа.
Најновите сознанија говорат дека тоа е поради друга жена кој влегла во животот00 на Мустафа, поради што Мустафа бил тој кој инсистирал на разделба. Емина и Мустафа се обиделе да ја сочуваат заедницата, најмногу поради децата, но не успеале. Како што се дознава од нивните блиски пријатели, Сандал во последно време станал близок со, на јавноста непозната жена, и било само прашање на време, кога тие ќе се разведе од пејачката.
Емина својата душевна состојба во врска со разводот ја опиша на социјалните мрежи, а од друга страна Мустафа за турските медиуми изјави:
-Меѓу Емина и мене љубовта помина, исчезна. Остана почитувањето и тоа што сме родители на нашите синови- рекол Мустафа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Емина и Мустафа заедно: Ја здогледал во толпата и ја прегрнал, а нејзината реакција ги изненади сите!
-
Не би сакал да имаме проблеми: Мустафа го одвлекол момчето на Емина на страна и му одржал лекција!
-
Нивната љубов добива ново ниво: Се појавија нови фотографии на Емина и турскиот милијардер
-
Први папарацо фотографии: Емина Јаховиќ фатена со турскиот милијардер!(видео)