| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на Филхармонија и изложба на Станковски за почеток на прилепското културно лето

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечерва со концерт на Македонската филхармонија и изложба на дела од Александар Станковски ќе почне Прилепското културно лето.

Во 19.30 часот во ликовниот салон ќе биде отворена изложбата на Станковски, која е дел од проектот „Кич, да!? Сте или не?“, а еден час подоцна во 20.30 часот концерт ќе одржи Македонската филхармонија, која под диригентската палка на Борјан Ценев ќе изведе дела од Хендл, Зографски, Моцарт и од Росини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top