| четврток, 6 декември 2018 |

Паулињо испиша нов рекорд во Примера

Бразилецот Паулињо собори рекорд во шпанската Примера Лига по победата на Барселона од 2-0 како гостин на Еибар. Тој стана првиот играч во историјата на лигата кој одиграл 23 натпревари и сè уште нема пораз.

Играчот од средината на теренот на големо беше критикуван по неговото доаѓање летово од Гуангжу, но полека почна да ги освојува симпатиите на „каталонците“. Неколку месеци подоцна, тој се смета за еден од трансферите на сезоната.

Бразилецот има 8 гола во овие 23 натпревари и ѝ помогна на Барса да биде убедлив лидер на табелата, на 7 поени разлика од вториот Атлетико Мадрид.

Само Лионел Меси и Луис Суарез имаат повеќе голови од Паулињо во Барса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top