| четврток, 6 декември 2018 |

Рекорден број на баратели на азил во 2017 во Франција, најмногу Албанци

Франција бележи рекорден на баратели на азил во 2017 година и тоа најмногу од Албанци, иако нивните изгледи да добијат статус на бегалци се многу помали од лицата што бараат азил од земјите во војна, како што се Авганистан и Сирија, изјавил денеска директорот на Француската канцеларија за заштита од бегалци и лица без државјанство, Паскал Брис.

Според неговите зборови, официјалните податоци покажуваат дека статус на бегалци во Франција лани побарале 100.412 лица што е за 17 отсто повеќе од годината претходно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top