Граѓанското движење „Алијанса за позитивна Македонија“ денеска напладне официјално ќе биде промовирана во објектот „Голд клуб“ во Визбегово, соопшти вчера Иницијативниот одбор.
Како иницијатори, на соопштението се потпишани новинарот Љупчо Зиков, експремиерот Владо Бучковски и бизнисменот Минчо Јорданов.
На промоцијата, на која ќе присуствуваат и десетината други иницијатори за формирање на ова движење, ќе биде избран и лидерот, а Утринскиот весник пишува дека се шпекулира дека тоа ќе биде Зиков.
„Во позитивна Македонија сме здружени и обединети граѓани од град и од село. Ние знаеме што треба и како треба да ја направиме посилна, поуспешна и попривлечна нашата татковина Македонија! Да ја направиме Македонија земја на можности за сите кои сакаат да живеат, да работат, да создаваат семејство и свое огниште овде. Дома. Големи можности за сите без разлика на пол, вера, националност и други разлики“, се вели во вчерашното соопштение од Иницијативниот одбор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.