Германија сака да ѝ помогне на Македонија за да стане дел од ЕУ, но за да се случи тоа, мора да се најде решение за името, велат за „Дојче веле“ германски владини претставници, парламентарци и аналитичари.
Според нив, за придвижување на спорот, покрај Македонија, неопходно е да се услови и Грција.
– Решето го името! Последниве години ги следиме реформите и сето она што се случува во земјата. Македонија е секако значајна за безбедноста на Европа и на Западниот Балкан. Одтој аспект, сигурно дека членството во Европската унија е значајно. Затоа, ве молам, решето го името – изјави Емили Хабер, државен секретар во германското сојузно Министерство за надворешни работи.
Родерик Кизеветер, пратеник во Бундестагот (ЦДУ-ЦСУ), се надева дека Македонија ќе има сила да го направи потребниот чекор.
– Сакаме да помогнеме Македонија да стане дел од Унијата, но ЕУ има услови кои треба да се почитуваат. Доколку внатрешно-политичкиот развој е спротивен на тие услови, мора да се почека. Германија има големо стратегиско трпение и е подготвена да ѝ помогне на Македонија. Но, не може да се помогне само однадвор. Општствените сили, државата, парламентот, опозицијата, партиите од власта, невладините организации треба да размислат и одлучат дали сакаат да го надминат стратегискиот ќор-сокак во кој се наоѓаат или сакаат да прокоцкаат уште низа години. Прашањето значи е дали се работи за да се добие време и да се направи брз скок кон ЕУ или се оди кон внатрешно-политичка парализа? Одговорот на ова го има македонскиот народ или поточно – политички одговорните кои треба самите да решат што сакаат – истакнува Кизеветер.
На забелешката на ДВ дека блокадата ја прави Грција, а Европа, вклучувајќи ја и Германија, ништо не преземаат, Кизеветер со коментар:
– Секако дека се обидуваме да влијаеме зад кулисите. Грција во спорот со името мора да се придвижи. Грција многу вложува во вооружување. Грција, конечно, сега успеа финансиско-политички да се раздвижи со регулирање на даноците и слично. Германските парламентарци очекуваат придвижување и во спорот со името. Апсолутно! Моите лични размислувања одат и во насока: можеби би требало и Грција да се услови со решавањето на спорот со името – смета Кизевотер.
Јоаким Шпац, гласноговорник за европска политика на пратеничката група на либералите во Бундестагот, вели дека кога Србија и Косово можеа да го надминат нивниот проблем, кој, признава, не е целосно решен, но е на добар пат, тогаш е можно решение и на проблемот на Македонија со името.
Според него, поддршката за Македонија доаѓа од многумина парламентарци, но и од Владата во Берлин, чија работа е од поинаков карактер и поинаку се манифестира.
– Треба да се има предвид дека има и други тешки проблеми за решавање (Грција, Кипар), но целта на Владата останува: членство на целиот Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. Германија вистински и фактички стои зад оваа определба – подвлекува Јоаким Шпац.
За Валтер Колбо, поранешен парламентарец (СПД) и актуелен претседател на Германско-македонското друштво, одбивањето на Европа да се вклучи во решавањето на спорот за името е поврзано со финансиската криза која го затворила погледот на Унијата кон многу значајни сфери од животот на Европа.
– Според мене, една од грешките која не може да се поправи и за која во моментов може само да жалиме е што името не се разреши во времето кога сите погледи беа свртени кон Грција и кога таа очекуваше голема солидарност од Унијата. Сметам дека по септемвриските избори за Бундестагот и пред изборите за европските иснтитуции (јуни 2014) ќе мора да се покрене дебата за релативизирање на грчкото вето и конечен почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. А, во меѓувреме, Македонија ќе мора сериозно, навистина мошне сериозно, да се позанимава и да поработи на темата – демократија, е прогнозата и советот на Валтер Колбо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција