| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска пресуда за „Детонатор“

detonator

Попладнево, Кривичниот суд ќе ја објави пресудата за „Детонатор“. 16-мината обвинети се товареа за повеке кривични дела: убиство во обид, насилство, лихварство, изнуда, недозволено држење оружје.

Во текот на судскиот процес, обвинителката повлече обвиненија за неколкумина, а двајца останаа недостапни и им се судеше во отсуство. Обвинетите се бранеа дека се невини и тврдеа дека клучниот сведок Драганчо Стоименов, кој сведочеше дека преживеал неколку обиди за убиство, не ја говорел вистината. Покрај него, во судскиот процес кој траеше 10-тина месеци, беа повикани многу сведоци, се изведуваа докази меѓу кои и телефонските разговори на обвинетите прибавени со посебните истражни мерки.

Стотиците покер – апарати кои беа запленети во полициската акција не беа дел од ова судење. Обвинителката рече дека за нив требало постудиозна анализа и најверојатно ќе бидат поднесени поединечни кривични пријави.

Акцијата „Детонатор“ беше спроведена во март минатата година. Уапсените беа претставени како криминално подземје кое било страв и трепет во источна Македонија. По неа, следуваа и смени на полициски командири и началници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top