Постаро машко лице настрада во пожар што попладнево ја зафатило куќата во кое лицето живеело само во охридското село Песочан.
Околу 18 часот била алармирана Територијалната противпожарна единица во Охрид, која веднаш интервенирала со десетина пожарникари кои кога пристигнале на местото на пожарот забележале дека покривот на објектот веќе попуштил пред пламените јазици.
За брзо време пламенот бил локализиран, но не успеале да го спасат старецот чие беживотно тело било пронајдено во внатрешноста на куќата. Причните за избувувањето на пожарот ќе треба да ги утврди истрагата.
Пред десеттина дена во сличен инцидент настрада старица во сопствениот дом во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.