| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјани повторно се гушат – воздухот загаден два дена по ред!

Воздухот во Скопје и вчера вечер повторно беше алармантно загаден. Мерните станици за квалитет на воздухот покажаа дека измерените концентрации на опасните честички се неколку пати дозволениот минимум. Повторно во Лисиче беше најзагадено каде количината на ПМ 10 честички достигна и до 250 mg/m3.

Ситуацијата со загадениот воздух повеќе од четири месеци е алармантна. Болниците се полни со пациенти со респираторни проблеми, а особено најпогодени од загадениот воздух се дечињата кои ја наполнија Детската клиника за белодробни заболувања.

И ова утро високи концентрации на ПМ10 честичките има во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба и Ректорат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top