Амбасадата на САД преку твитер ги повика граѓаните на Скопје за идеи за решавање на загадувањето во Скопје и веднаш доби одговор од Амбасадата на Русија.
Амбасадата на САД во Република Македонија изрази загриженост поради високото ниво на загадување на воздухот во Скопје и постави прашање:Какви предлози имате вие за почист воздух во Македонија?.
На ова амбасадата на Русија во Македонија, исто така преку твитер, одговори: Бидејќи нашите пријатели од Амбасадата на САД бараат идеи за загадувањето на воздухот во Скопје, би сакале да им го предложиме следново решение – објавена е скица од планираниот гасовод „Турски тек” кој според првичните планови треба да поминува низ Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да не се излегува без потреба и да се користи јавен превоз – препораки за аерозагадувањето
-
Загадениот воздух го скратува животот за две години, а Скопје е шести најзагаден воздух во светот
-
Користење јавен транспорт, централно греење и еколошки горива, бараат еко-активистите
-
Скопје повторно се гуши, загаденоста четири пати над дозволеното