| четврток, 6 декември 2018 |

Берни Еклстон: Никогаш во животот не сум бил среќен, парите воопшто не помагаат

Милијардерот Берни Еклстон призна дека неодамнешната свадба на неговата ќерка Тамара во целост ја платила неговата сопруга Славица, а тој ја „одработил“ венчавката и не присуствувал на веселбата.

– Не присуствував на забавата следниот ден. Отидов дома. Бев таму, да го одработам тоа и среќен сум што го завршив. Не сакав да останам. Целата работа е мошне непријатна и навистина ми беше премногу. Не платив за свадбата, мојата поранешна сопруга го стори тоа – изјавил Берни.

Во интервјуто тој признал дека никогаш во животот не доживеал вистинска среќа. Осумдесет и двегодипниот Британец, чие богатство се проценува на 3 милијарди фунти, тврди дека славата и богатството не можеле да му ја купат среќата.
– Не сум сигурен што е тоа среќа. Што значи тоа? Чувствувам задоволство кога ќе испланирам нешто и тоа ќе го остварам. Но, среќа? Не сум сосема сигурен – рекол Берни, кој спие шест часа дневно и работи „како манијак“ додека е буден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top