Од надојдените води на река Пена кај месноста Бањиче во Тетово неколку минувачи и излетници успеале да извлечат и да спасат десетина малолетни деца кои се капеле.
Од полицијата во Тетово велат дека била испуштена голема количина вода од браната на пониските падини на Шар Планина, при што децата почнале да се дават.
Витлите на реката ги повлекле малолетните деца, но минувачите успеале да ги спасат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.