„Фонд за мир“ (Fond for peace) го објави деветтиот годишен индекс на неуспешни држави за 2013 година, според кој првите места на најнестабилни земји во светот ги држат Сомалија, Демократска Република Конго, Судан и Јужен Судан.
Скандинавските земји и годинава остануваат со епитетот најстабилни.
Македонија на листата се најде во предупредувачката зона, на 112. место од 178, со вкупно 68 поени.

Од балканските земји полошо рангирани од нас се Босна и Херцеговина и Србија, кои се на 83, односно 92 место, додека, пак, Албанија со 65,2 поени е за 7 места постабилна од нас. Словенија се најде на високото 16. место како најстабилна балканска држава.
Индексот е составен од 12 основни социјални, економски и политички индикатори, како што се човековите права, сиромаштијата, економскиот пад, легитимноста на државата, системите за безбедност итн.
Целата листа може да ја погледнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


