Институтот „Легатум“ од Лондон го објави својот десетти, јубилеен глобален Индекс на просперитет, кој претставува листа на најпросперитетните земји во светот.
На индексот на „Легатум“, Македонија се наоѓа на 53. место, а најдобро рангирана земја од регионот е Словенија, која е на 20. позиција на листата. Хрватска е на 43. место, Грција на 44., Бугарија на 57., Црна Гора на 58., Србија на 66. место, Албанија на 77., додека Босна и Херцеговина воопшто ја нема на листата од 149 земји.
Инаку, според индексот, најпросперитетна земја во светот е Нов Зеланд, а по неа следуваат Норвешка, Финска, Швајцарија и Канада.
Институтот „Легатум“, покрај количеството пари со кои располага една држава, како фактор за просперитет, при креирањето на листата предвид зема 104 други карактеристики.
Покрај традиционалните, како што е висината на БДП по жител или вкупниот удел на вработен, „Легатум“ во својата формула внесува и фактори како што се бројот на интернет-провајдери и количеството дневен одмор што го има просечниот граѓанин. Варијаблите потоа се делат на девет категории, односно економски квалитет, работна атмосфера, власт, образование, здравство, безбедност, лични слободи, општествен капитал и природна средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.