| четврток, 6 декември 2018 |

Од вечерва француски филмови во Скопје и Охрид

Шестиот Фестивал на францускиот филм вечер ќе биде отворен во киното Синеплекс во Скопје со комедијата „Камиј повторува“ од 2012 година на режисерката Ноеми Лвовски, која заедно со сценаристката на филмот Флоранс Сејвос ќе бидат гости на свеченото отворање.

10Фестивалот првпат годинава се отвора во Скопје, каде што утре ќе бидат прикажани уште два филма („Збогум Берта“ и „Алсест на велосипед“), а од 28-ми до 30 јуни ќе се пресели на својата стандардна локација – Охрид, во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Годинава на фестивалот ќе бидат прикажани 10 долгометражни и три кратки филма од најновата француска кинематографија. Фестивалските денови ќе ги затвори политичката драма „Последната изборна кампања“ на режисерот Бернар Стора, кој ќе биде присутен на фестивалот. Селектор на годинашното издание е Жан Мишел Фродон, поранешен главен уредник на „Каје ди синема“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top