Во Културниот центар „Магаза“, во 20 часот, ќе се одржи промоција на видеоспот „70 години постоење на организацијата на жени Битола“ и промоција на книга од Сања Мучакева-Виданова и изложба на фотографии од Владимир Виданов, а половина час подоцна во Античкиот локалитет Хераклеја ќе се одржи концерт на ансамблот за фолклор „Гоце Делчев“.
Во рамките на Бит-фест утре почнува и дванаесеттото издание на Интернационалниот младински арт-фестивал „Битола отворен град 2013“ во чии рамки главна атракција ќе биде настапот на мега популарниот DJ Michael Gray од Велика Британија, еден од најпочитуваните и најбараните музички уметници на глобалната музичка денс сцена. Најголемиот музички настан за 2013 година во Битола, настапот на Michael Gray, е и негов прв и ексклузивен настап во Република Македонија.
По повод почнувањето на фестивалот ќе се одржи и прес-конференција со почеток во 11 часот во кафе-бар „Пијано“ во Битола (плоштад „Магнолија“) со учество на организаторите на фестивалот: Младинскиот културен центар – Битола, градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, претставници на промотерската куќа „Фреш унион“ и генералниот партнер на фестивалот „Оне“. При тоа ќе биде презентирана програмата на фестивалот во чии рамки од 26 до 29 јуни на повеќе локации во градот се предвидени концерти на групи од земјата и странство, отворени улични журки, изложби, перформанси, како и традиционалниот голем музички хепенинг во соработка со Општина Битола и „Фреш унион“, овој пат со спектактакуларен настап на DJ Michael Gray и DJ Djane Nadine, додека како претходница ќе настапат Dj Acika, Dejan Dex, DJ Dee Dean Mickoski од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.