| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел Кајмаскоски и „Eye cue“ гости на концертот на Џон Њуман

Авалон продукција како поддржувач на македонската музичка сцена, секогаш кога организира концерти на големи светски артисти, доставува барање до менаџментите на истите за настап на македонски артисти. На наше огромно задоволство, овој пат ни беше одобрено од менаџментот на John Newman, како гости на неговиот концерт закажан за 21 јуни во ВИП арената „Борис Трајковски“, да настапат еден од најпопуларните пејачи во Македонија и на Балканот, Даниел Кајмакоски и атрактивната музичка група „Eye Cue“.

30

Пред публиката, Даниел и „Eye Cue“ ќе се претстават со своите хитови што ги обиколија сите домашни и регионални тв и радио станици, како и со материјали од нивните нови албуми, кои се очекуваат да излезат кон крајот на оваа година.

john-newman

Еден од најпопуларните музичари на денешницата, John Newman во Скопје ќе го промовира новиот албум „Revolve“, каде македонската публика премиерно ќе може да слушне неколку песни што досега овој пејач ги немал изведено во живо.

Моќниот соул вокал стои позади некои од најголемите хитови на денешницата како што се: „Love Me Again“, „Loosing Sleep“, „Out Of My Head“, „Cheating“, „Tiring Game“, „Come and Get It“, најновата „Give Me Your Love“ на која соработува со Nil Rogers и Sigala, како и соработката со Rudimental со хитовите „Not Giving In“ и „Feel The Love“ или ултрапопуларната „Blame“ со Calvin Harris со која ги освои светските топ листи. Сите синглови заедно бројат речиси милијарда прегледи на YouTube, додека во последниве две години, Newman продаде 1.3 милиони примероци само во Велика Британија.

Покрај Скопје, John Newman ќе биде главен headliner на фестивалите Belgrade Calling (22.06) и Zagreb Calling (23.06), исто така во организација на Авалон продукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top