Иако на Путин му се случи нешто што му се случува на секој нормален човек, оваа вест го шокираше светот.
Имено портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјавил дека рускиот претседател Владимир Путин настинал, но дека без оглед на се, продолжува да работи.
-Претседателот настина, но ништо не е сериозно, се е во ред. Неговиот работен распоред останува, иако настинката е земена во предвид. Слушнавте како му се смени гласот. Зима е, знаете – рекол Песков.
Тој рекол дека некои медиуми почнале да шпекулираат околу здравјето на претседателот на Русија и навел дека Путин требало да учествува на состанок на темата микроелектроника, но морал да го одложи бидејќи документите не биле подготвени да бидат претставени на шефот на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.