| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во Белата куќа: Снаата на Доналд Трамп во болница, отворила коверт со бел прав

Снаата на Доналд Трамп е префрлена во болница, само како мерка на претпазливост откако отворила коверт кој содржел непозната бела супстанца.

Ковертот бил адресиран до синот на Доналд Трамп, а освен Ванеса Трамп во болница се примени уште две лица.

Дописникот на „Си-Ен-Ен“ истакнува дека Ванеса Трамп е во болница само како мерка на претпазливост.

Писмото адресирано до Доналд Трамп Јуниор било отворено утрово во десет часот по локално време во станот на синот на Трамп во Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top