Судот ги одби барањата на одбраната за незаконски прибавените докази на СЈО. Кога судијата Добрила Кацарска го читаше решението за одбивање на барањата на одбраната, Обвинителката Ристеска задоволно му се насмевна и му намигна на нејзиниот колега Стефчо Донев.
На барањето да се одложи закажаното рочиште за утре, бидејќи и одбраната и клиентите се пренатрупани со агенда на веќе закажани судења, Кацарска се произнесе позитивно. Обвинителката Ленче Ристеска и се обрати на адвокатката Сања Алексиќ, зошто рекла дека утре има друго судење од 9.30 часот кога нема. На тоа бурно реагираа и новинарите, бидејќи скоро да звучеше дека ја обвинува адвокатката за лажење.
Никола Груевски упати две прашања до Кацарска и судскиот совет и побара одговор на прашањето како е можно да се прифати вештачење од лице кое нема лиценца и зошто не се доставуваат доказите. Тој нагласи дека наводните докази не се посебни истражни мерки обезбедени согласно закон.
-Можам да сфатам за СЈО ама не можам да сфатам Судот да постапува селектовно, рече во судницата Груевски.
Кацарска и Советот ги одмолчија одговорите. Рочиштето е закажано за четири дена , односно на 16 февруари.
За илустрација, судското рочиште против обвинетите за тероризам во случајот „Монструм“ е презакажано за повеќе од еден месец. Двојни стандарди на дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски