| четврток, 6 декември 2018 |

Четириесетгодишен маж се обидел да силува тинејџерка во Штип

Во текот на вчерашниот ден околу 04 часот во Штип, Д.Н. (40) од Пробиштип извршил обид за силување над штипјанката К.Д. (18).

Како што информираат од МВР, Д.Н. преку СМС пораки и се заканувал на К.Д. дека, доколку не дојде кај него, ќе оди кај нејзините родители и ќе направи сериозни проблеми. Таа отишла кај него и Д.Н. се обидел со сила да ја натера да имаат сексуален однос, притоа удрајќи и ја главата во ѕид и нанесувајќи и неколку удари со тупаници во пределот на главата и телото. Сепак, К.Д. успеала да побегне.

Од страна на лекар бил извршен преглед над К.Д., при што констатирани биле телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. Д.Н. бил приведен и задржан во полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „силување во обид“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top