| четврток, 6 декември 2018 |

Канадскиот тим најдобар во уметничко лизгање на ЗОИ 2018

Репрезентацијата на Канада го освои златниот медал во тимското натпреварување во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

За канадската репрезентација настапија Патрик Чен, Кејтлин Озмонд, Габриел Дејлман, Меган Дјуамел, Ерик Редфорд, Теса Вирту и Скот Моар.

Ова е прво злато за Канада на Олимпијадите во оваа дисциплина.

Второто место им припадна на руските натпреварувачи кои освоија 66 бода, седум помалку од победникот.

На победничкиот подиум се искачија и лизгачите од САД кои на крајот собраа 62 бода

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top