Белгискиот голман Симон Мињоле го засили Ливерпул и ќе биде првиот Белгиец што станал член на „црвените“ од „Енфилд роуд“. Ливерпул за него ќе плати 9 милиони фунти на Сандерленд, чиј член беше 25-годишниот голман.
– Ова е голема промена за мене и уште поголем предизвик. Да се брани за голем клуб каков што е Ливерпул е извонредно, а се радувам што ќе бидам првиот Белгиец што го носел дресот на вака голем клуб – изјави Мињоле. Ливерпул претходно ги купи шпанските фудбалери Аспас од Бетис и Луис Алберто од Севилја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.