Рочиштата на Заев во предметот Поткуп за кој целата јавност виде како бара 200 000 за да заврши работа на струмички бизнисмен, и како раскажува дека истото го правел со сите бизнисмени во Струмица, се закажува на период од околу два месеци.
Истиот суд за Никола Груевски има друг аршин, а рочишта закажува секој ден, без да им даде можност на обвинетите соодветно да се подготват за рочиштата и да добијат фер судски процес.
Неофицијално се зборува дека по наредба на Заев, претседателот на судот Џолев дал наредба на судиите да не дозволат никакви одлагања, а судењата да ги вршат максимално брзо. Сето ова во време кога се менува името и идентитетот на македонскиот народ и кога на СДСМ му треба дефокусирање од таа тема.
Обвинетите јавно негодуваат дека врз нив се врши тортура, дека се спроведува нефер и незаконско судење, дека се предмет на мобинг и дека целото судење е политичко и чиста фарса. Впрочем и смената на судиите со нови, кои се докажани поддржувачи и симпатизери на СДСМ, укажува не само дека СЈО/СДСМ нема докази, па им требаат партиски судии за да ги осудат политичките противници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.