| четврток, 6 декември 2018 |

ЗОИ го преживеаја првиот напад, се најавува втор кој ќе биде пожесток

Уште пред почетокот на Зимските олимписки игри кои се одржуваат во Пјонгчанг, организаторот доби закана од хакерите дека ќе го нападне најголемиот спортски настан. Иако многумина одмавнуваа со главата, хакерите го исполнија своето ветување.

На отворањето на ЗОИ прес-центарот останал без интернет, а подоцна беше срушена и службената страница на Игрите, која за крато беше вратена во функција.

Тамошните медиуми за ова ги обвинуваат хакерите, а не организаторот кој не може да обезбеди стабилна врска и тврдат дека вакви напади ќе има се повеќе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top