Дебитантското остварување на македонскиот режизер Ѓорче Ставрески, „Исцелител“, ја освои наградата за најдобар филм во меѓународната селекција на фестивалот во Санта Барбара, Калифорнија.
Ова е е трета фестивалска награда за филмот на Ставрески. Претходно, „Исцелител“, на премиерното прикажување на фестивалот во Солун доби награда од публиката во Солун. Потоа во Брисел, на Фестивалот на медитерански филм доби награда за најдобро сценарио.
Филмот е црна комедија за синот кој нема пари да му купи лекови за рак на болниот татко па почнува да го лечи со алтернативна медицина, играат Благој Веселинов и Анастас Тановски, камерата е на Дејан Димески. Македонската премиера беше на 19 ноември, на затворањето на филмскиот фестивал Синедејс во Скопје, а филмот уште е во кино дистрибуција низ Македонија.
„Исцелител“ премиерно беше прикажан на „Ејч-Би-О“ најголемата светска ТВ-мрежа.
Филмот досега беше на фестивалите во Талин (Естонија) и Гоа (Индија), а повеќе светски медиуми напишаа одлични рецензии за дебитанското остварување на Ставрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура