| четврток, 6 декември 2018 |

За една година загубила 50 килограми, докторите тврделе дека има пореметување во исхраната, а потоа следел шок

За само една година, Британката Сајрус Хед загубила повеќе од 50 килограми. Докторите тврделе дека има пореметување во исхраната. Но, Сајрус имала чувство дека нешто друго е во прашање. Две години подоцна ја добила страшната дијагноза.

– Чувстував голем замор. Мислев дека тоа е поради напорниот ден на училиште и поради испитите. Цело време ми беше многу ладно – ги објасни таа симптимите.

Сајрус имала проблеми и со спињето и се будела неколкупати во текот на ноќта.

Советите на докторите биле да јаде повеќе и да носи топла облека.

По извесно време на вратот на Сајрус се појавило топче големо колку топка за голф кое продолжувало да расте и да го менува обликот. Кога отишла кај доктор специјалист, конечно ја добила вистинската дијагноза – имала редок облик на рак на штитната жлезда.

Следеле две операции и две години заздравување.

– Сега сум подготовена за нови животни предизвици – заклучила Сајрус.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top