Знаменосецот на државата Тонга, инаку официјално Кралство Тонга која е независна островска држава во Океанија составена од 176 острови кои се распространети на океанска површина од 700.000 квадратни метри и има вкупно 104 илјади жители, повторно го украде шоуто на свеченото отворање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) кои денеска почнуваат во Пјончанг.
Тимот на Тонга за овие ЗОИ е составен само од еден член. Тоа е Пита Тауфатофуа, кој се натпреварува во крос-кантри. Се разбира, тој беше знаменосецот на свеченото дефиле. На Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2016 година тој се натпреваруваше за својата држава во друг спорт – текводно. И тогаш, како и сега, исто беше знаменосец и го привлече вниманието на публиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.