| четврток, 6 декември 2018 |

Иранската принцеза која исчезнала пред шест месеци, сега ја пронашле како бездомник

Аријана Лак од Велика Британија, која потекнува од иранското кралско семејство Каџар е пронајдена во Италија една година по исчезнувањето. Таа била пронајдена благодарение на приватен детектив од Албанија кој бил ангажиран од нејзиното семејство.

Аријана Лак исчезнала во јануари 2016 година, а последен пат била видена во хотелот „Ди Коро/Ди Корсо“, во Милано.

Член на семејството кога ја побарал во хотелот дознал дека Аријана Лак наводно се преселила. Потоа нејзе и се изгубила трагата.

Аријана која е филмска продуцентка и милијардерка била пронајдена во лоша психичка сосотјба.

Приватниот детектив се движел низ улиците на Милано покажувајќи им ја на минувачите нејзината слика, а трагата која ја пронашол го однела до местата каде се собираат бездомниците.

Последно на што Аријана се сеќавала е дека била цел на насилен грабеж, при што добила силен удар во главата. Се претпоставува дека силниот удар предизвикал амнезија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top