| четврток, 6 декември 2018 |

Дошета во палатата со гол задник: Принцот издржа, ама не и љубителите на добриот вкус!

Принцот Чарлс вечерва во палатата Сент Џејмс во Лондон угости познати лица, меѓу кои се најдоа и една новопечена мама и позната манекенка.

Дрес кодот била црна боја и сите го испочитувале правилото на колоритот. Голем интерес предизвикало доаѓањето на Хелен Мирен, која се појавила во ексцентричен црн фустан.

Внимание предизвикала и Шерил Кол, која пред неколку месеци се породи, а сега имаше можност да ја покаже својата витка линија.

Сепак една гостинка сите ги засенила. Во прашање е манекенката Нилам Џил, која инаку е позната по добриот стил. Таа во палатата вшетала со крајно непримерен стил за пригодата. Нејзиниот фустан изгледал многу провокативно од предната страна, но одзади бил повеќе од провокативен. Љубителите на добриот вкус занемеле поради овој нејзин моден избор, со кој како да е гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top