| четврток, 6 декември 2018 |

Јутјуб не откри докази за руско мешање во британскиот референдум за Брегзит

Јутјуб не најде никакви знаци за руско мешање во референдумот за Брегзит одржан во 2016 во Велика Британија, изјави пред членовите на британската парламентарна комисија на средба во Вашингтон, Џунипар Даунс, директорка на Одделот за јавна политика на компанијата.
Комисијата заседаваше на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, примајќи искази поврзани со истрагата за евентуално руско мешање во референдумот, која таа ја водеше.
Даунс изјави дека по внимателно спроведената истрага во врска со референдумот, не се откриени никакви докази за вмешаност, во која се употребени услугите на компанијата.
Британскиот Парламент и изборната комисија побараа од Фејсбук, Твитер и Гугл, во чија сопственост е Јутјуб, да презентираат информации за секаква финансиска активност на профили поврзани со Русија за време на спроведувањето на референдумот за Брегзит.
Американските компании ветија дека ќе им помогнат на британските власти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top