Уште еден скандал го тресе кралското семејство, а овојпат за тоа не е задолжена Меган Маркл. Иако на многумина им е чудно, принцот Хари е заслужен за големиот бес кој настана во неговиот дом.
Венчавката е закажана за 19 мај, а на списокот на гости ќе се најде и личност која не е пожелна меѓу неговите. Станува збор за Сара Фергусон, поранешна жена на Ендрју, син на кралицата Елизабета.
-Хари ја донесе својата одлука. Ја сака Сара Фергусон на својата венчавка и така ќе биде. Било какви шпекулации околу нејзиното недоаѓање се само нагаѓања -рекол извор близок на дворот.
Сара и Ендрју се развеле 1996 година, кога таа на југот на Франција е фатена во афера со финансиски советник. Тогаш се развела и заминала од кралското семејство, а 2010 година била на ивица на банкрот. Со поранешниот сопруг сега е во добри односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Маки на кралското семејство: Меган ќе открие колкаво е богатството на Хари, ќе испливаат тајни криени со години
-
Драма на небото: Трудната Меган и принцот Хари биле во авионот кога пилотот донел итна одлука
-
Принцот Хари донесе неочекувана одлука за животот на нероденото дете
-
Меган Маркл не ни сонувала дека ќе наиде на вакви проблеми!