Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со членот на Извршниот Комитет, Влатко Ѓорчев присуствуваше на 66-тиот молитвен појадок кој во Вашингтон беше организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.
Настанот беше искористен за разговори со повеќе претставници на Белата Куќа, сенатори и конгресмени, како и влијателни политичари од целиот Свет со цел јакнење на стратешкото партнерство со САД и потврдување на заедничкото пријателство како и лобирање за интересите на Македонија и афирмирање на целта за членство во НАТО.
Истовремено можноста за разговори беше искористена за воспоставување на контакти на ВМРО-ДПМНЕ, објаснување на позициите по клучните прашања и пренесување на загриженоста за повеќе актуелни политички и економски состојби во Република Македонија пред се поврзани со недостатокот на дијалог власт -опозиција за повеќе клучни прашања, политички мотивираните притисоци и економската стагнација која се одразува на стандардот на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Христијан Мицкоски денеска во „Отворено“ на „Алфа“
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Христијан Мицкоски: Учи од вчерашниот ден, живеј за денес, надевај се за утре
-
Сомнежот во јавноста дека некој тргува со правдата и правото, говори дека нема ниту правда ниту правдина, вели Мицкоски