Поранешниот министер за финансии на Романија, Дариус Валков е осуден на осум години затвор под обвинение за трговија со влијание, перење пари и финансиски активности несоодветни за неговата должност.
Казните се собрани и на тој начин вкупната пресуда е осум години затвор.
Врховниот касациски суд исто така нареди од поранешниот министер да биде конфискувана сума од 6,2 милиони леи (1,3 милиони евра), која беше запленета од страна на обвинителите од Националната дирекција за борба против корупцијата.
Одлуката не е конечна и против неа може да се поднесе жалба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.