| четврток, 6 декември 2018 |

„Вистината за ДУИ“: По 5 илјади евра месечно повеќе му се исплаќале на приватниот партнер за зонско паркирање во Гостивар

Во рамки на кампањата „Вистината за ДУИ“, прес-конференција одржа портпаролот на ЈП „Јавни паркиралишта и зеленило“, Расим Абдул, при што информираше за наводен спорен договор, склучен во минатиот мандат, со приватниот партнер за зонско паркирање.

– Како што информиравме на минатата прес-конференција во рамките на кампањата „Вистината за ДУИ“ за неправилностите кои ги воочивме во ова претпријатие, денеска ќе го одвоиме склучениот договор за зонско паркирање помеѓу нашето претпријатие и приватниот партнер „Дуна Компјутерс“ од Скопје. Сметаме дека процентот наменет за приватниот партнер бил превисок, а исто така имало и други престапи. Всушност, според договорот предвидени се 38 проценти за горенаведената компанија и 62 отсто за јавното претпријатие. Процентот бил предвиден во нето, додека цело време исплатата била вршена во бруто, со што јавното претпријатие е оштетено просечно по 300.000 денари, или пет илјади евра месечно, изјави Абдули.

Тој ги информира граѓаните на Гостивар, дека поради овие злоупотреби, од вчера договорот со приватниот партнер е раскинат и дека паркирањето ќе биде слободно на неопределено време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top