Списанието „Форбс” за прв пат направи листа на милијардери кои заработиле огромни суми во операциите со криптовалути. На прво место е инвеститорот и шеф на криптовалутната платформа за платни системи Ripple, Крис Ларсен, чие богатство е 7,5 – 8 милијарди долари, објави ТАСС.
На второ место е Џозеф Лавињ, кој помогнал во создавањето на Ethereum и поседува помеѓу 1 и 5 милијарди долари. Трет на листата е Чанпен Чжао – основач на криптовалутната берза Binance кој има меѓу 1,1 и 2 милијарди долари.
Според „Форбс”, на четвртото место се браќата Тајлер и Камерон Винкурс, чие што портфолио „тежи” 0,9-1,1 милијарда долари.
Во рејтингот е вклучен и коосновачот наа Етериум – Виталик Бутерин со 400-500 милиони долари. Во класификацијата влејува и Виталиј Вавилов, кој ја создаде компанијата Bitfury.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.