| четврток, 6 декември 2018 |

Биткоин надмина вредност од 16.500 долари

Расправата за тоа дали цената на биткоин е само надуен балон кој ќе пукне порано или подоцна или е прв чекор кон воведување на биткоин во секојдневните трансакции наскоро би можела да биде разрешена. Имено, Zimo информира дека почна тргувањето со биткоин фјучерси. Станува збор за финансиски инструмент во кој продавачите или купувачите се обврзуваат да купат или да продадат одреден производ или валута по определена цена во однапред утврден момент. Поедноставно кажано, трговците со биткоин може да се обложат каква ќе биде цената на биткоин во иднина. Ако цената е поголема од онаа што ја очекувале и биле подготвени да ја платат, ќе заработат. Но, ако биде помала, секако ќе мора да ја платат цената која ја договориле и ќе претрпат загуба.

Звучи комплицирано, но искусните познаватели на финансиските пазари тргуваат со фјуќерси со години, најчесто со тие врзани за нафтата. Меѓутоа, аналитичарите истакнуваат дека воведувањето на трговијата со фјучерси е прв чекор кон регулација на пазарот за криптовалутата биткоин. Во првите неколку минути од тргувањето вредноста на биткоин порасна за 8%, а потоа само продолжи да расте. Првите фјучерси кои се договорени на берзата во Чикаго, CBOE, која поради навалата имаше и проблеми со серверите, предвидуваат дека биткоин следниот месец ќе вреди повеќе од 18.000 долари, а за два месеци и повеќе од 19.000 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top