Македонската пејачка Дани деновиве замина за Јордан, во главниот град Аман, каде што свечено ќе го отвори традиционално најпознатиот и најголемиот детски конгрес „Детскиот арапски конгрес“.
Имено, на самото отворање Дани, во својство на амбасадор на Y-Peer на глобално ниво, ќе добие златна плакета, лично од кралицата Нур, за нејзините заложби, активности и несебична инволвираност во едукација на младите, како и поддршка на младиот арапски свет во донесувањето одлуки и активно учество во општеството.
Дани последните две години беше фокусирана на реализацијата на бројните проекти, посетуваше тамошни училишта, разговараше со активисти од Y-Peer мрежата, споделуваше искуства, настапуваше со свои и заеднички песни направени со музичари од тој регион.
– По седум години амбасадорство во глобалниот проект за млади, кој се однесува на едукација на децата за донесување одлуки и активно учество во општеството, на покана на кралицата Нур свечено го отворам овој голем конгрес и го заокружувам моето учество во Y-Peer мрежата – вели Дани.
Оваа значајна плакета ја имаат добиено амбасадорите на добрата волја, како Анџелина Џоли, Рики Мартин и бројни тамошни познати лица.
По враќањето од Јордан, следува концертен настап на отворањето на големиот „Пиво фест“ во Прилеп во јули 2013 година.
Дани во меѓувреме заедно со својот авторски тим подготвува песна и албум за наесен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагедија во кралското семејство: Кралицата Елизабета очајна, неговата смрт ја дотепа!
-
Модерна аристократија: Таа е единствена кралица на светот која има храброст да облече краток шорц!
-
Само да и однесам на тетка ми лек: Чарлс и Вилијам најдоа изговор да избегаат од Трамп!
-
Нов скандал ја тресе Британија: Книга за неверствата и сексуалниот живот од која светот занеме


