| четврток, 6 декември 2018 |

Нов скандал ја тресе Британија: Книга за неверствата и сексуалниот живот од која светот занеме

Скандал од светски размери настана кога во јавноста исплива книгата за кралицата Елизабета и пикантериите за нејзиниот брак.

-Не постоеше убава жена во близината на Филип со која тој не флертуваше. Но на кралицата тоа не и сметаше, му даде отворени раце да се дружи со спротивниот пол. Тие жени на Филип  му беа како миленичиња и играчки-напишала Лејди Колин Кампбел, пренесува британскиот Дејли меил.

Оваа Британка ја напиша книгата „Бракот на кралицата“ за Елизабета втора(92) во која открила детали за сексуалниот живот на неа и нејзиниот сопруг Филип (97). Таа во книгата пишува дека кралицата има здрав сексуален живот и дека почнала да го задоволува кога се омажила. Исто така тврди дека Филип никогаш не и бил верен што пак на неа не и пречело.

Британката тврди дека принцот секогаш имал блиски пријателки со кои одел да се вози со кочијата, па се занимавале со различни хобија.

-Така се забавуваше-истакнала Кампбел која тврди дека се дружела со кралското семејство, па така ги знае деталите од нивниот живот.

Книгата за сексуалниот живот на кралицата предизвика негативни реакции кај Британците.

Колин на обвиненијата за измислена книга се брани дека само била искрена и дека не се работи за никаква пропаганда против монархијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top