Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот живот непрестано будат интересирање на нејзините фанови и публиката.
На Цеца, која во осумдесетите се вивна вртоглаво во естрадните висини, семејството и е многу важно. Нејзините родители секогаш и биле поддршка, а никој не и бил поблизок од сестра и Лидија, која до скоро живееше со Цеца во нејзината вила на Дедиње. И во најтешките моменти, кога Аркан е убиен, Лидија била крај неа. Остана со Цеца да и помогне во одгледувањето на децата.
Фотографијата од помладите денови на Инстаграм предизвика многу внимание. На неа се Цеца, сестра и Лидија и нивните родители. Со оглед на тоа дека сега Лидија има посветла боја на косата, а Цеца е црнка, не е забележливо дека всушност тие многу си личат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.