Во лечењето на хипотиреозата, односно намалена функција на тироидната жлезда, исклучително важна е промената на животните навики која вклучува секојдневна физичка активност, опуштање, намалување на стресот и исхрана богата со материи кои овозможуваат нормална работа на оваа жлезда.
Еве што треба да консумирате со цел да ја подобрите функцијата на штитната жлезда:
Јод – учествува во синтеза на хормоните на штитната жлезда и е нејзин составен дел. Главната причина за појава на хипотиреоза е недостаток на јод во храната. Намирници кои изобилуваат со јод се риба, морски плодови, алги, како и млеко и млечни производи, мисиркино месо, кромид, спанаќ, блитва, компири итн.
Селен – се наоѓа во печурките, морските ракови, бакаларот, туната, телешкиот џигер, бразилските ореви, семките од сончоглед и целите житарки.
Железо – природни извори на железо се црвеното месо, рибата, јајцата, јаткастите плодови, семките од тиква, спанаќот, блитвата и киселата зелка.
Калциум – намирници кои изобилуваат со калциум се зелениот лисест зеленчук, брокулата, млекото и млечните производи, сарделата, лососот, јаткастите плодови, мешунките итн.
Витамин Е – се наоѓа во ладно цедените масла, бадемите, лешниците, семките од сончоглед, доматите, авокадото и зелениот лисест зеленчук.
Омега-3 масни киселини – намирници кои изобилуваат со омега-3 се сардела, инчуни, лосос, туна, ленено и маслиново масло и ореви.
Пробиотици – се наоѓаат во кефирот и во другите видови ферментирани производи.
Витамин Д – иако во мали количини е присутен во некои намирници (на пример во помасната морска риба, јајцата и млечните производи), како основен извор на витамин Д се препорачува умерено изложување на сонце бидејќи со тоа телото природно го произведува овој витамин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.