Поранешниот фудбалер на Ман. Јунајтед, Гери Невил, на Твитер објавил колку е бесен на авио компанијата Бритиш Ервејс бидејќи заради лет кој бил „пребукиран“, не бил примен во авионот за лет на лицијата Манчестер – Хитроу. Невил и упатил порака на авио команијата дека тоа што го прават е „апсолутна срамота и дека се најлошата авио компанија која постои“.
По објавата на Твитер тој брзо добил одговор од официјалните лица од Бритиш Ервејс кои побарале повеќе детали за ситуацијата за да можат да му помогнат, на што Невил им одговорил:
– Прекинете ја оваа смешна пракса. Бараме воз за да стигнеме до нашата дестинација. Всушност, јас никогаш не летам со Бритиш Ервејс, но имаат монопол на трасата Манчестер – Хитроу, па морав да резервирам преку нив, напишал Невил.
Некогашниот десен бек на Ман. Јунајтед добил многу интересни коментари на социјалните мрежи за неговата ситуација, меѓу кои дел од корисниците му рекле дека „очигледно никога не летал со Рајан Ер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.